Агенцијата за млади и спорт одлучи – кои се најдобрите спортисти за 2020 година?

На овогодинешната свечена церемонија, Агенцијата за млади и спорт им ги додели наградите на најдобрите спортисти во Македонија за 2020 година. Каратето преовладуваше оваа година, откако за најдобра спортистка е прогласена Вероника Костовска. Ова го надополнија и младите категории, каде за најдобар спортист е прогласен Роберто Ацкоски, а во женска конкуренција тоа беше Магдалена Божиновска. Најуспешен спортист за лица со инвалидитет  беше прогласен Владимир Тркаљанов, кој професионално игра шах. Наградите во врска со најуспешна федерација, национален тим и селектор им припадна на македонските фудбалери, односно Игор Ангеловски. За најдобар спортист…