(ВИДЕО) Кошаркарите на Младост од Земун го изненадија својот млад соиграч!

Играчите на кошаркарскиот клуб Младост Земун од Србија, му приредија изненадување на својот соиграч од пионерската селекција, откако му купија Сони ПлејСтејшн 4. Станува збор за Мохамед Туре од Мали, кој има само 13 години. Имал голема желба за ПС4, но поради тешкиот живот во Африка никогаш немал шанса да ужива во познатата НБА игра. Неговите соиграчи од првата екипа, на денешниот ручек му го исполнија сонот, а реакцијата на младиот Туре можете да ја видите во видеото што го објави клубот. КК Земун Младост е расадник на таленти и…

(ВИДЕО) Најдобро забивање од четврта рунда во Еврокуп

Еврокуп го прогласи за најдобро забивањето на Ерик Мика од Партизан, на натпреварот во Турција против Бахчесехир. Тимот на Партизан славеше со 82:76, а на средината на втората четвртина, новото американско засилување го покажа своето знаење.

На кои средби со Балкански екипи можеме да очекуваме добар фудбал?

Денеска на програмата е полуфинале од квалификацискиот турнир за фудбалска Лига Европа. Имаме неколку интересни и тешки средби на Балканските екипи. Македонија со само еден претставник во оваа фаза, а тоа е Шкендија која за противник ќе го има англиски Тотенхем. Шарлруа го пречекува Партизан, а вториот тим од Србија, Војводина, оди во Белгија односно на дуел со Стандард Лиеж. Словенска Мура ќе биде домаќин на силниот ПСВ Ајндховен. За фановите од Босна и Херцеговина, Зрињски ќе се обиде да обезбеди плеј-оф против АПОЕЛ од Никозија, а за хрватите, Хајдук…