Пелистер со нова „стотка“, но и Гостивар знаеше да игра – НБА во Битола, за 111:115 на самиот крај!

Екипите на Пелистер и на Гостивар одиграа неверојатен натпревар и можеби најефикасен во историјата на македонската кошарка, кога станува збор за регуларните 40 минути. Се играше со брзо темпо, „наместени нишански справи“ и пред се, со слаба одбрана. На полувреме, предност имаше домашниот тим на Пелистер со 56:52. Третиот период им припадна убедливо на гостите со дури 20:37, за да во последната четвртина, „зелените“ успеат само да намалат на 4 негатива за втор пораз во оваа сезона. Најефикасен убедливо беше Ивица Димчевски со 35 поени и 9 скокови, а кај…

Пелистер до нова „стотка“ и просек 100.1, Куманово со нов тренер во нов пораз!

Денеска на програмата од Првата машка кошаркарска лига имавме четири натпревари во рамките од 12-та рунда, каде добивме интересни и „високи“ резултати. Денот го отворија екипите на Црн Дрим и Вардар, во неизвесен дуел кој се играше во полно темпо, а домаќините снемаа сили во последниот период. Екипата на Вардар славеше со 68:81, и ја оствари втората победа по 10 одиграни мечеви. Прв на листата на стрелци беше Ташковски со 25 поени. Во терминот од 17:00 часот, Куманово со нов тренер, го пречека тимот од скопско Тафталиџе, ТФТ. Игор Ѓорѓиевски…

Прв пораз за Пелистер, „луд“ натпревар за Куманово во Гостивар!

Вчера беа одиграни неколку заостанати натпревари кои донесоа интересни резултати. Имавме три средби од четвртата рунда, но и еден дуел од третата. Во терминот од 16:00 часот, рутинска победа над очајниот Црн Дрим запиша составот на ФМП Академија. Екипата од Скопје, водеше во текот на целиот натпревар, а крајниот резултат беше со високи +21, односно 65:86, каде се издвои Атанасов со „дабл-дабл“ учинок – 21 поен и 12 скокови. Нешто подоцна, од 17:30, до крај неизвесен дуел одиграа тимовите на Кожув и Вардар, каде победникот го добивме по продолжение од…

КК Пелистер останува лидер – прва победа против Работнички во Скопје!

Денеска беше комплетирана 10-та рунда од кошаркарската Суперлига, со дуелот помеѓу Работнички и Пелистер, кој битолчани ги добија со убедлив резултат постигнувајќи нова „стотка“, 81:105. Ова е воедно и прв триумф за овој клуб на гостување во „Градски Парк“. Непоразените екипи до оваа рунда, одиграа меѓусебен дуел кој не беше испланиран до завчера, но за одлично подготвениот тим на Пелистер не беше проблем. Лесно го надиграа скопскиот гигант и го одлучија мечот дури во првото полувреме. Остануваат единствена екипа со 6/0 и максимални 12 бодови во есенскиот дел. Најефикасен на…

КК Пелистер и КК Работнички без пораз во првиот дел од новата сезона!

КК Пелистер и КК Работнички се единствените тимови кои немаат пораз во првиот дел од новата сезона, во националното кошаркарско првенство. Годината 2020, вчера ја завршија со победите над ФМП Академија односно Еуро Никел. Пелистер беше убедлив на гостување во Скопје со 67:95, а Работнички го пречека тимот од Кавадарци и славеше со минимален резултат од 89:95, но доволен за нови целосни бодови. Битолчани одиграа 5 натпревари и имаат кош разлика и на заслужен „зимски распуст“ одат со неверојатни +186, додека пак, Работнички, запиша 4 победи и има само +29.…

Пелистер гази се пред себе, нова „стотка“ – четврта по ред!

Кошаркарскиот клуб Пелистер, гази се пред себе и тоа убедливо – по четврти пат, постигнува повеќе од 100 поени. Најновата жртва на битолскиот тим беше Црн Дрим, кој на домашен терен загуби со огромни 70:102. Пелистер беше сконцентиран на вчерашниот дуел, па уште на полувреме имаше позитива од 33:54. Домаќините се обидоа да пружат минимален отпор во вториот дел, но безуспешно. Најефикасен играч на натпреварот беше Кесар со 26 поени, а друштво во офанзивата му правеше Малешевиќ, кој постигна 20. Во екипата на Црн Дрим, Клусен имаше 16, Атанасов 15…

1.МФЛ: Ветеранот Маневски ја сруши Шкендија, рутинска победа за Вардар!

Последната рунда за оваа година се одигра денеска, па фудбалерите од Првата македонска лига одат на заслужен одмор во наредни два месеци. Пелистер го сруши есенскиот шампион Шкендија со погодокот на Борче Маневски во 90-та минута, а составот на Вардар рутински забележа победа на гостувањето против Беласица со 0:3. Тимот на Македонија ЃП загуби на домашен терен од Ренова со 2:3. Имавме две гостински победи со по 1:2, и тоа: Струга беше подобра од Шкупи, а Академија Пандев го совлада Силекс. Фудбалскиот клуб Работнички, во Скопје го доби тимот на…

ПРВА ЛИГА МАЖИ: Куманово патува во Битола, дерби во Аеродром!

Денеска на програмата имаме три средби од 8-та рунда во Првата машка кошаркарска лига. Куманово патува во Битола, Вардар ја пречекува ФМП Академија, а во Аеродром имаме вистинско дерби – силите ќе ги одмерат МЗТ и Еуро Никел. Осмата рунда е половична, поради три одложени натпревари: кошарка нема да се игра кај Работнички каде требаше да гостува Црн Дрим, во Тафталиџе со вториот тим на МЗТ, а Гостивар нема да патува во Гевгелија за дуел со Кожув. Останатите средби за кои се овозможени услови, ќе се играат денеска во попладневните…

Шкендија полека но сигурно ја зголемува предноста, Пелистер победи по скоро три месеци!

Денеска заврши 17-та рунда од Првата фудбалска лига на Македонија и сме на чекор од завршување на првиот дел од сезоната. Шкендија славеше кај Академија Пандев со 0:1. Единствениот погодок беше дело на младиот 16-годишен Дашмир Елези во 53-та минута. Интересно е што битолскиот Пелистер стигна до 3-та победа оваа сезона но по скоро три месеци. Тие исто така минимално славеа над Беласица со погодокот на Михаил Талевски во 81-та минута – уште еден млад талент и иднина на македонскиот фудбал со само 16 години. Во останатите дуели, Борец беше…

НБА во Битола: Пелистер го „наполни“ Вардар за сите пари!

Пелистер и Вардар го одиграа заостанатиот натпревар од втората рунда во Првата кошаркарска лига, каде во текот на сите 40 минути, ниту еднаш не се постави прашањето околу победникот, за конечни 122:72. Откако се комплетираше тимот со враќањето на репрезентативното крило Бојан Трајковски, без никаков попуст, „пелистерци“ одиграа крајно мотивирано и стигнаа до вториот успех во сезоната. Екипата од Битола започна фуриозно уште од самиот старт за на полувреме да има 63:31. Со такво темпо, „зелено-белите“ продолжија и во второто полувреме каде се изгледаше рутински и како на тренинг против…