Тимот започна со тренинзите: Ќе биде тешко, но Македонија очекува пласман на ЕвроБаскет!

Машката сениорска репрезентација, денеска го одржа првиот од петте планирани тренинзи во Скопје, пред патувањето за Перм на 15-ти февруари. На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13:00 часот, се појавија сите повикани кандидати. Поради болки во пределот на листот од десната нога, првиот тренинг превентивно го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап. Отвораме против Италија на 18-ти февруари од 15:00 часот, а ден подоцна…

Објавен поширокиот список на кошаркари, утре првото тестирање пред конечната листа за во Перм!

Селекторот на нашата машка сениорска селекција, Александар Тодоров го одреди поширокиот список од 24 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, односно квалификациите за Европското Првенство во 2022 година. По задолжителното PCR тестирање на Ковид-19, кое ќе биде реализирано на 8-ми односно на 9-ти февруари во Скопје, селекторот Тодоров ќе ги објави имињата на кандидатите за настап во последниот дел од квалификациите. Машката сениорска репрезентација во наредниот период, од 18-ти до 22-ри февруари, на турнирот во Перм ќе одигра четири натпревари од квалификациите за Европското…

ЕВРОБАСКЕТ 2022: Познати се термините за натпреварите во Перм!

Машката сениорска репрезентација на Макоднија, ќе ги одигра решавачките натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2022 во доста рани термини, одлучи натпреварувачката комисија на ФИБА. Но, рани само според македонската пресметка на времето кое е „четири часа“ оддалечено зад часовната зона во Перм, каде ќе се игра и февруарскиот „меур“ од квалификациите. Првиот натпревар на турнирот кој ќе се игра во Арената „Молот“, многу извесно без присуство на публика, ќе го играме против селекцијата на Италија, од 15:30 по македонско, односно 19.30 по локално време. Ден подоцна, во истиот термин, ќе…