Падна одлука, започнува македонската кошаркарска лига!

Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, излезе со официјално соопштение за почетокот на новата сезона. Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври. Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише…