Се одложи уште еден натпревар на РК Вардар 1961

Натпреварот од 3-то коло во ракометната Лига на шампиони помеѓу Пик Сегед и Вардар 1961 е официјално одложен. Дуелот нема да се одигра в четврток со почеток во 18:45, поради моментално најпознатите причини. Голем дел од ракометарите на унгарскиот тим се позитивни на вирусот, па нема услови за одржување. За Вардар 1961, ова е втор натпревар кој се одложува поради истите причини во рок од две недели. Следната средба на нашиот шампион е закажана за 15-ти октомври на домашен терен со германскиот гигант Флензбург, но да почекаме до самиот ден…