РК Вардар гостува кај Порто, познат составот со новото засилување!

Ракометниот клуб Вардар 1961 за помалку од еден час ќе го започне дуелот со екипата на Порто, во рамките на Лигата на Шампионите. Порто доаѓа од долга натпреварувачка пауза, кога последниот дуел го одигра на 22-ри декември минатата година, а Вардар по две победи по ред во регионалната Сеха лига пред 3 денови. Португалците одиграа 3 натпревари повеќе и имаат учинок од 2 победи, 2 нерешени и 2 изгубени мечеви. Вардар е надното од групата по 5 одиграни дуели со 1 победа, 1 реми и 3 порази. Во составот на…

Алушовски: Знаев дека ќе биде тешко, ни недостигаше Дисингер

РК Вардар 1961 одигра нерешено со Порто 25:25, во рамките на петтата рунда од ракометната Лига на шампиони. Борко Ристовски на крајот немаше среќа да ја одбрани и клучната топка за да стигне Вардар до победа, но имаше огромни 18 интервенции а постигна и 4 погодоци. Слаб натпревар одигра Филип Талески со неколку клучни грешки и постигна само 1 гол од 4 обиди. Најефикасен беше Иван Чупиќ со 7 погодоци. Кај гостите, нашиот Никола Митревски забележа 11 одбрани, а прв на листата на стрелците беше одличниот пивот Итуриза со 7…

СОСТАВИ: Вардар – Порто, една повреда за Алушовски

Вечерва во 20:45 часот во Скопје, Вардар го пречекува Порто во рамките на петтата рунда од ракометната Лига на шампиони. Во екипата на РК Вардар 1961, поради повреда ќе недостасува Кристијан Дисингер. Директен пренос од натпреварот ќе врши националниот сервис (МТВ1) од 20:40 часот, а противник за македонскиот тим ќе биде одличниот Никола Митревски, кој е неприкосновен на голот на португалскиот шампион.

(ВИДЕО) Никола Митревски се покажа и како добар фудбалски голман

Голманот на македонската ракометна репрезентација и ракометниот клуб Порто, Никола Митревски, во денешната победа на својот клуб имаше феноменален настап. Порто го совлада Пик Сегед со 25:19 и ја оствари втората победа во четвртата рунда. Никола Митревски имаше 15 одбрани на крајот од натпреварот, но една од нив се издвои како спектакуларен потег. При резултат 19:14 за Порто, унгарскиот тим имаше напад без својот голман, па организираше фантастична акција и направи вишок, каде Жоан Кањељас се најде во ситуација подобра од пенал. Но, Митревски со уште подобра интервенција ги изненади…