Пелистер го уништи Куманово, Еуро Никел славеше во дербито со МЗТ!

Во Битола имавме сигурна и убедлива игра на домаќините, па Пелистер го уништи Куманово. Во Скопје, Еуро Никел славеше над МЗТ во дерби дуелот за оваа рунда. КК Пелистер го совлада гостинот Куманово со огромни 113:75 и повторно успеа да достигне и да ја надмине фамозната „стотка“. Погодија дури 15 тројки, а разликата на полувреме беше 17 поени. Куманово со играта не покажа дека е подготвен за намалување на разликата, а не пак да направи сензација во вториот дел, па Пелистер отиде до крај и забележа лесна победа во третата…

Почнува машката кошарка, четири натпревари со два директни преноси

По неколку одложувања, денеска и официјално започнува новата сезона од Првата лига во машката кошаркарска конкуренција, според сите државни протоколи за максимално заштитување на здравјето. Ова ќе биде 29-ти пат во историјата, каде свој почеток ќе го има нашето најквалитетно натпреварување, но, и за прв пат во едни околности за кои и не може баш да се каже дека се кошаркарски. Во рамките на првата рунда, денеска имаме два натпревари, а вкупно ќе се одиграат четири. Имаме две одложени средби поради недоволен број на подготвени кошаркари во тимовите, и тоа:…

Суперлига: Убедливи победи на КЛ 7, Охрид, Бутел… Заврши регуларниот дел во Првата лига

Четири натпревари се одиграа вкупно во двете групи од машката ракометна Суперлига, а во завршна фаза е и Првата лига мажи. Вчера убедливи победи остварија неколку екипи во машката Суперлига, а на едниот од натпреварите беше возбудливо, со голем број на голови и неизвесен крај. На домашен терен, Голден Арт на Кирил Лазаров оствари победа над РК Јуниор со 30:18, ГРК Охрид ја пречека Струга и не дозволи изненадување со високи 31:16. Во групата Б пак, на гостување во Прилеп, со +10 погодоци разлика славеше РК Бутел Скопје, 19:29. Во…

(ВИДЕО) РК Делчево-Вардар постигна погодок по истекот на времето

Денеска се одигра петтата рунда од Првата машка ракометна лига, а тимот на РК Делчево беше во центарот на вниманието бидејќи со удар од 9 метри по истекот на регуларните 30 минути стигнаа до нерешен резултат 34:34, против екипата на РК Партизан Спорт. Во групата Б, високи победи запиша МРК Куманово (домаќин на овој мини-турнир) против тимот на Вардар-Неготино 35:26, а водечките РК Металург 2 и РК Скопје победија 35:19 против Текстилец, односно со 37:29 против Македонија Ѓ.П. Во Група А, Аеродром е се уште лидер сега со 13 бодови…

ПЛМ: Убедливи победи на Аеродром, Металург 2 и Куманово, денеска нови пресметки

Во четвртата рунда од машката ракометна Прва лига, вчера добивме неколку убедливи резултати. Во Група А, домаќин беше РК Риниа кој воедно и го одигра првиот натпревар со РК Кичево. Домаќините беа подобри со 33:28 со што ја запишаа првата победа во новата сезона. После нив, РК Јехона во тесен и неизвесен дуел славеше над РК Преспа минимално со 25:24. Нешто посигурна игра покажа РК Драчево, кој беше поуспешен од РК Шампион со 29:37. Во последниот натпревар, ГРК Борец забележа убедлив пораз од РК Аеродром со 21 погодок негатива, односно…

Комплетирана втората рунда од ракометната Прва Лига

Вчера се одигра втората рунда од вкупно седумтте, во Првата машка ракометна лига, каде домаќини на мини турнирите беа РК Јехона и вториот состав на РК Металург. Денеска пак, на програмата се веднаш и натпреварите од третата рунда каде домаќин во Група А е РК Преспа, а во Група Б, тоа е РК Делчево. Во Група А, РК Шампион се издвои на првата позиција по два одирани натпревари победувајќи го тимот на РК Преспа со 26:25. РК Драчево и РК Аеродром пак, забележаа сигурни победи и се на делба на…

Втората рунда од машката Прва ракометна лига со преноси во живо

Утре се игра вториот мини-турнир во рамките на втората рунда од машката ракометна Прва Лига. Домаќини се РК Јехона и РК Металург 2, а директни преноси ќе има на Youtube каналот на Македонската ракометна федерација (RFM HANDBALL). LIVESTREAM: Прва Лига мажи – 2 рунда 10.10.2020 (сабота) ГРУПА А – ДОМАЌИН НА МИНИ-ТУРНИР: РК ЈЕХОНА 12:30 часот/ РК ШАМПИОН – РК ПРЕСПА 2015 / https://www.youtube.com/watch?v=j8QLMGVB3N0…14:30 часот/ РК ДРАЧЕВО – РК РИНИА М / https://www.youtube.com/watch?v=i3R1ddrUKOM…17:00 часот/ РК КИЧЕВО 2020 – ГРК БОРЕЦ / https://www.youtube.com/watch?v=_sv5GQF-6wM…19:15 часот/ РК ЈЕХОНА – РК АЕРОДРОМ / https://www.youtube.com/watch?v=5y9hymrvf2c……