Манасков со празни раце од Келн, ПСЖ трета ракометна сила во Европа!

Натпреварот помеѓу Веспрем и ПСЖ за бронзената медала за сезона 2019/20 заврши, а како победник излезе францускиот шампион со конечни 26:31. ПСЖ го диктираше темпото во текот на сите 60 минути и изгледаше посигурно за разлика од вчера. Сепак, денеска се играше без голема доза на притисок, но и бронзата не е малку за да се биде трета ракометна сила во Европа. Нашиот Дејан Манасков си заминува од Келн со празни раце, но со солиден настап во последниот меч – успеа два пати да се запише во листата на стрелците.…

Барселона прилично лесно против ПСЖ, Кил излезе како победник во тешката битка со Веспрем!

Денеска започна „Фајнл Фор“ турнирот во „Ланксес Арена“ во Келн, каде силите ги одмерија Барселона и ПСЖ во првиот, односно Кил и Веспрем во вториот натпревар. Со почеток од 18:00 часот, Барселона прилично лесно и доминантно одигра против „богатите французи“ и славеше со 37:32. На полувреме, шпанскиот гигант имаше 18:14, па во вториот дел се играше ракомет убав за око кој ни понуди „гол за гол“ цели 30 минути. Финалето го обезбеди целата екипа, тоа е сигурно, но мора да се напомене во прв план одличната партија на Дика Мем,…

Катастрофална грешка на Булка, пораз на ПСЖ во првиот натпревар

Во својот прв натпревар од новата сезона во Лига 1, ПСЖ забележа пораз на гостувањето кај екипата на Ленс, со 1:0. Младиот голман на ПСЖ, Марсин Булка, беше главниот виновник за поразот. Тој по примена топка, направи катастрофална грешка и даде лош пас на својот дефанзивец. Ситуацијата ја искористи Игњатиус Ганаго кој од 10 метри постигна лесен гол за својот тим. Булка стартуваше на голманската позиција поради тоа што Кејлор Навас е во карантин. Губитникот во финалето од последната сезона во Лигата на шампионите, следниот натпревар го игра за само…