МЗТ Скопје загуби од Слобода, па потоа и од лидерот Студентски Центар – се враќаат со негативен учинок!

Составот на МЗТ Скопје ги заврши обврските на вториот турнир во АБА Лига 2, кој беше организиран во Бања Лука. Македонскиот претставник одигра 3 средби, првин со Хелиос од Домжале во која славеше, а потоа забележа два порази по ред – поуспешни беа Слобода од Ужице и лидерот на табелата, црногорски Студентски Центар. „Аеродромци“ сега имаат биланс од 4 победи 3 изгубени натпревари, но и позитива од 11 кошеви, па се наоѓаат на 7-та позиција. Вториот учесник Работнички Скопје, не отпатува на овој турнир поради здравствени проблеми со корона вирусот,…

Бања Лука е домаќин на вториот „балон“ турнир во АБА 2

Вториот „балон“ турнир во АБА Лига 2 за оваа сезона ќе се организира во главниот град на Република Српска, од страна на Борац од Бања Лука. За МЗТ Скопје и Работнички Скопје, по надигрувањата на Златибор, ова ќе биде ново патување и престој во една спортска сала. Тимовите повторно ќе одиграат по 4 средби, а планирано е да бидат во текот на јануари. По првиот турнир и одиграни 4 мечеви, МЗТ има 3 победи и 1 пораз и е на делба на второто место на табелата, додека пак, Работнички, има…

МЗТ Скопје ја зграпчи втората победа

Тимот на МЗТ Скопје ја зграпчи втората победа во сезоната на АБА Лига 2, откако го совлада Широки Брег со 73:80 во турнирот на Златибор. Составот на Кочов успеа да го сопре налетот на противникот во последната четвртина и успеа да го задржи водството од првото полувреме, кое го добија со 35:41. Најкорисен кај нашиот претставник беше Олуџоби со индекс 33. Тој за 32 минути игра постигна 24 поени, 5 скокови, 3 асистенции, 1 украдена топка и имаше 2 блокади. Гачер додаде 7 асистенции и 11 поени, а Дамјан Стојановски…