ФМП Академија падна во Куманово! Кожув го изненади Работнички!

На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66. По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35. Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој…

За Работнички, новата година не донесе подобрувања – вирусот дополнителна пречка за турнирот во Бања Лука!

Кошаркарскиот клуб Работнички од Скопје, беше спречен да отпатува во Бања Лука за учество на вториот турнир од АБА 2 лигата, поради позитивни играчи на вирусот Ковид-19. Целиот клуб е во карантин и го очекува второто тестирање, но работите не изгледаат оптимистички за во блиска иднина и учество на турнирот. Токму спротивното е одлучено – Работнички го загуби првиот дуел со службен резултат од 0:20 против Спарс Сарајево. Натпреварите со Горица и Златибор беше планирано да се одиграат на 21-ви и 24-ти јануари, но засега се одложени. Да напоменеме дека,…

ФОТО: ФК Работнички ги презентираше зимските засилувања!

Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Во клубот повторно ќе заиграат Марио Станковски кој се враќа од Борец и Андреј Лазаров кој минатата година играше во Тиквеш. Сосема нови играчи кои ќе се борат за успех на Работнички, се: Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа кои исто така заедно доаѓаат од Борец, но и Андреј Кировски од ФК Силекс. Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Лазаров и Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Кировски ќе делува во одбраната, додека Станковски…

КК Пелистер и КК Работнички без пораз во првиот дел од новата сезона!

КК Пелистер и КК Работнички се единствените тимови кои немаат пораз во првиот дел од новата сезона, во националното кошаркарско првенство. Годината 2020, вчера ја завршија со победите над ФМП Академија односно Еуро Никел. Пелистер беше убедлив на гостување во Скопје со 67:95, а Работнички го пречека тимот од Кавадарци и славеше со минимален резултат од 89:95, но доволен за нови целосни бодови. Битолчани одиграа 5 натпревари и имаат кош разлика и на заслужен „зимски распуст“ одат со неверојатни +186, додека пак, Работнички, запиша 4 победи и има само +29.…

Најинтересни моменти: Работнички во налет, па славеше и вторпат во АБА 2

Тимот на Работнички Скопје денеска ја забележа и втората победа во третиот настап во АБА 2, откако беше подобар од Ловќен Цетиње со 82:77. По првата четвртина, нашиот учесник имаше само 1 поен предност, но на пауза замина со 39:32. Во второто полувреме, црногорскиот тим беше поуспешен, но високата позитива од првиот дел му донесе нова победа на Работнички и подигнување на самодовербата за последната рунда која ќе се одигра на Златибор на првиот мини-турнир. Средбата е во понеделник од 21:00 часот против филијалата на Партизан од Белград, Младост Адмирал…

АБА2: МЗТ и Работнички го обелеа образот во регионот

Двете македонски екипи кои учествуваат во регионалното кошаркарско натпреварување АБА 2, го обелеа образот во втората рунда, по поразите на самиот старт. МЗТ Скопје и Работнички запишаа премиерни победи во оваа сезона откако беа подобри од Сутјеска односно Подгорица. Во терминот од 17:00 часот, Работнички веднаш ја сфати озбилно работата па по 10 минути игра, тимот на Мираковски имаше предност од дури 18 поени, а на полувреме заминаа со 48:33. Второто полувреме му припадна на црногорскиот тим, но нашата екипа сепак остана сконцентрирана до самиот крај па оствари важна победа…

РАЗОЧАРАВМЕ ВО АБА2: Црногорските тимови беа кобни по нас

Тотално разочарување на стартот од АБА Лига 2 за македонските претставници, откако вчера загуби и МЗТ Скопје Аеродром по претходниот дебакл на Работнички Скопје. „Металците“ беа поразени од Подгорица во тесен и неизвесен меч со 72:74 иако на моменти имаа дури 8 поени предност против црногорскиот тим. Составот од Аеродром имаше добра игра и водство во три четвртини од играта. Но, доста лошо ја одигра последната, за што на крајот и беше казнет од страна на уште една екипа која важи за дебитант во ова регионално натпреварување.  Најефикасен во МЗТ…

Работнички се посрамоти во дебитантскиот настап во АБА Лига 2

Кошаркарскиот клуб Работнички Скопје се посрамоти во својот дебитантски настап во второто регионално АБА натпреварување, откако загуби од тимот на Студентски Центар со дури 29 поени разлика односно 98:69. Составот на Димитар Мираковски уште во 1/4 започна лошо и имаше негатива од 9 поени, за да на полувреме заминат со дури 47:31. Играта остана иста и во вториот дел бидејќи Работнички шутираше само 48% за два, наспроти високите 72% на екипата од Црна Гора. Противникот доминираше и под обрачите па имаше дури 12 скокови повеќе во одбрана и 2 во…

Петровиќ со ФМП го сруши поранешниот клуб

ФМП Академија го совлада КК Куманово на домашен терен со 91:89, во неизвесна завршница. Поранешниот тренер на Куманово, Александар Петровиќ, го победи сегашниот тренер a бивш на ФМП, Владимир Мирковски со што се изедначија на бодовното салдо. Тренерите направија рокада на крајот на претходната сезона, но во првата средба поуспешен беше повозрасниот стратег. ФМП до победата стигна по неизвесна завршница и шутирање на голем број на слободни фрлања. Последната четвртина ја добија со 24:19 и ја однесоа во своја полза разликата. На полувреме, тимот од Куманово имаше водство од 42:45.…

Работнички и МЗТ во сосема нов формат на АБА 2, дуелите започнуваат следната недела

Второто по јачина регионално кошаркарско првенство, АБА Лига 2, пред малку го објави новиот формат во „ковид“ услови. Нашите Работнички и МЗТ ќе имаат пеколен систем за одигрување со вистински конкуренти. – Регуларната сезона ќе биде поделена во 3 турнири, каде 2 турнири ќе имаат по 4 рунди, а последниот ќе има 5 рунди. – Секоја екипа ќе одигра само по еден натпревар, а по завршување на овие дуели, ќе имаме плеј-оф (8 екипи) и плеј-аут (4 екипи). – Првиот турнир ќе се одигра од 9-ти до 18-ти ноември 2020…