Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прeтстојната ЕХФ недела. Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија, за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија. За време на подготовките, ќе се одиграат и два контролни натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.

СП: Квалификациите ги започнуваме во Романија, за последната рунда доаѓа Исланд

Квалификациите за СП во 2022 година во Катар, ги отвораме во Романија, а ги завршуваме на домашен терен против Исланд. Планирано е да започнеме на 25-ти март во Романија, а првиот домашен меч е против Лихтенштајн на 28-ми март. На 31-ви март, ќе гостуваме кај првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Германија. На 2-ри септември пак, ја пречекуваме Ерменија, а три дена подоцна гостуваме кај Исланд. Вториот циклус го завршуваме дома, против Романија на 8-ми септември. Следниот месец на 8-ми, гостуваме во Лихтенштајн, а на 11-ти октомври ја пречекуваме Германија.…

Планираните 12 играчи со негативни тестови – вечерва првиот тренинг на Тодоров

Здравствената комисија на федерацијата ги реализираше планираните тестирања, кои беа неопходни за влез во периодот на подготовките за настап на нашиот сениорски национален тим на квалификацискиот турнир во Талин. Со тоа, на селекторот Александар Тодоров му беше овозможено да ги повика следниве 12 играчи: Љубомир Младеновски (Работнички)Виктор Ефремоски (Работнички)Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)Марко Симоновски (Кожув)Андреј Митревски (ТФТ)Дамјан Робев (Куманово)Бојан Трајковски (Пелистер)Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка) Беа тестирани сите репрезентативни кандидати, вклучително и…

МКД до 21: Список на фудбалери за дуелите против Казахстан и Израел

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, на 8-ми октомври против Казахстан и на 13-ти октомври против Израел го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2021. Натпреварите ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Во четврток со почеток од 13:00 часот, а во вторник во 14:30. Како и до сега, не е дозволено присуство на публика. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, за двете важни пресметки ги избра следниве фудбалери: ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев); ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)),…

ФФМ: Натпреварот со Косово најверојатно без публика, средствата ќе бидат рефундирани

Македонската фудбалска репрезентација, на 8-ти октомври со почеток во 20:45 часот, треба да го одигра плеј-оф натпреварот против Косово во рамките на Лигата на нации, кој има тежина на 1/2 финален квалификациски дуел за Европско првенство. Доколку нашата репрезентација биде поуспешна од противникот, во финалната рунда ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Грузија и Белорусија. Првичниот термин беше закажан за 26-ти март во 20:45 часот, но поради новонастанатата ситуација со пандемијата од Ковид-19, натпреварот беше одложен. Месец дена пред тоа, билетите беа пуштени во продажба, па голем број од…