РК Вардар гостува кај Порто, познат составот со новото засилување!

Ракометниот клуб Вардар 1961 за помалку од еден час ќе го започне дуелот со екипата на Порто, во рамките на Лигата на Шампионите. Порто доаѓа од долга натпреварувачка пауза, кога последниот дуел го одигра на 22-ри декември минатата година, а Вардар по две победи по ред во регионалната Сеха лига пред 3 денови. Португалците одиграа 3 натпревари повеќе и имаат учинок од 2 победи, 2 нерешени и 2 изгубени мечеви. Вардар е надното од групата по 5 одиграни дуели со 1 победа, 1 реми и 3 порази. Во составот на…

СЕХА ЛИГА: Вардар ја пречекува Војводина, познат и составот за првиот натпревар!

Екипата на РК Вардар 1961 ја пречекува РК Војводина денеска од 17:45 часот, како прв официјален натпревар во новата година, но и прва средба за „црвено-црните“ во СЕХА Лига за сезона 2020/21. Регионалното натпреварување започна доцна во минатата година, односно во средина од декември, како што веќе знаете поради големите проблеми кои ги зададе моменталната пандемија со корона вирус. Сезоната ја отворија Нексе и Војводина, каде славеше хрватскиот клуб со минимални 24:23. Во оваа група Б, е и екипата на Вардар, но и украинскиот Мотор. Вториот натпревар го одиграа екипите…

Започнуа СЕХА, познати се термините за Вардар и Еурофарм Пелистер!

Денеска започнува новата сезона од регионалното ракометно натпреварување СЕХА Газпром лига, а во 17:00 часот го отвораат екипите на Нексе и Војводина, во Нашице. Во оваа сезона, од Македонија ги имаме Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во група А, односно група Б. Противници на битолскиот тим ќе бидат: Металопластика, ППД Загреб и Татран Прешов, а „црвено-црните“ ќе се борат со: Нексе, Војводина и Мотор Запорожје. Првиот натпревар за Еурофарм Пелистер е во понеделник од 17:45 часот кога на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Металопластика. Нашиот друг учесник, Вардар,…

СОСТАВИ: Вардар – Порто, една повреда за Алушовски

Вечерва во 20:45 часот во Скопје, Вардар го пречекува Порто во рамките на петтата рунда од ракометната Лига на шампиони. Во екипата на РК Вардар 1961, поради повреда ќе недостасува Кристијан Дисингер. Директен пренос од натпреварот ќе врши националниот сервис (МТВ1) од 20:40 часот, а противник за македонскиот тим ќе биде одличниот Никола Митревски, кој е неприкосновен на голот на португалскиот шампион.

Вардар го прочита Фленсбург, голема и важна победа за Алушовски

Ракометниот клуб Вардар 1961, на домашен терен го совлада силниот германски состав на Фленсбург. Натпреварот се одигра како 4-та рунда од Група А во Лигата на Шампионите. По еден месец пауза, тимот на Стевче Алушовски одигра натпревар од силното европско натпреварување. Во Скопје гостуваше Фленсбург, кој беше голем фаворит во денешниот дуел. Но, македонскиот шампион ја прочита играта на Мајк Махула. Вардар славеше со 31:26, а на полувреме имаше само 2 голови предност, 17:15. Алушовски одлично ротираше и ги одмораше ракометарите. Не му дозволи на гостинот да наметне своја игра,…