Тимот започна со тренинзите: Ќе биде тешко, но Македонија очекува пласман на ЕвроБаскет!

Машката сениорска репрезентација, денеска го одржа првиот од петте планирани тренинзи во Скопје, пред патувањето за Перм на 15-ти февруари. На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13:00 часот, се појавија сите повикани кандидати. Поради болки во пределот на листот од десната нога, првиот тренинг превентивно го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап. Отвораме против Италија на 18-ти февруари од 15:00 часот, а ден подоцна…

Списокот на Тодоров објавен, Македонија атакува со новиот натурализиран американец Вајли

Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација го објави конечниот список од 15 играчи кои ќе тренираат заедно, а потоа ќе заминат на напорните натпревари во Перм. Подготовките започнуваат утре во 13:00 часот, а вкупно ќе бидат одработени 5 тренинзи во Скопје. Александар Тодоров селектираше уште двајца кошаркари кои подоцна ќе се приклучат на тимот*. На 15-ти февруари, во раните утрински часови, со чартер-лет е планирано тргнувањето за Русија. СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И НАСТАП ВО ФЕВРУАРСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022 ГОДИНА 1. Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) 2.…

ЕВРОБАСКЕТ 2022: Познати се термините за натпреварите во Перм!

Машката сениорска репрезентација на Макоднија, ќе ги одигра решавачките натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2022 во доста рани термини, одлучи натпреварувачката комисија на ФИБА. Но, рани само според македонската пресметка на времето кое е „четири часа“ оддалечено зад часовната зона во Перм, каде ќе се игра и февруарскиот „меур“ од квалификациите. Првиот натпревар на турнирот кој ќе се игра во Арената „Молот“, многу извесно без присуство на публика, ќе го играме против селекцијата на Италија, од 15:30 по македонско, односно 19.30 по локално време. Ден подоцна, во истиот термин, ќе…

Брестовац: Очекувам судиите да не дозволат груба игра, инаку лесно ќе изгубиме!

Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, посочи дека не е задоволен од критериумот на судење во натпреварот со Словенија. Во пресрет на денешниот дуел со селекцијата на Русија, тој потенцираше: Не сум задоволен од судиските одлуки на мечот со Словенија, посебно во играта со кружните напаѓачи. Судиите немаа ист критериум, и тоа е еден од клучните фактори кога создадоа голема позитива. Нашата игра се темели во тој сегмент, а истото се случи и со Шведска. Тие не’ гледаат како млада екипа… Самите играчи се свесни дека Русите и Белорусите…