Брестовац повеќе не е тренер на ракометната репрезентација на Македонија!

Ракометната федерација на Македонија објави соопштение во кое се наведува дека досегашниот тренер не селекцијата, Данило Брестовац, повеќе не е дел од стручниот штаб на тимот. Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори. Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 до јануари 2021 година.

Голема победа за Тиквеш против Металург, меч со скоро 80 погодоци!

Екипата на РК Тиквеш забележа голема победа над РК Металург Скопје со 40:38, иако на полувреме губеше со 19:20. Самиот натпревар се одлучи неколку минути пред крајот, кога домашната екипа беше повеќе сконцентрирана и имаше поголема желба за победа. Одличен ден имаше голманот на Металург кој забележа 15 интервенции, но овој учинок на Ѓорѓески не му помогна на тимот да слави на гостувањето во Кавадарци. По 9 погодоци имаа Смиљаниќ кај домаќините и Серафимов кај поразените гости. Со оваа победа, Тиквеш има уште шанси за влез во плеј-оф разигрувањето. Потребна…

Ракометарите на одмор, Еурофарм Пелистер почнува со подготовки на осми јануари

Со завршувањето на натпреварот од првата рунда во групата А на СЕХА Гаспром лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите и на РК Еурофарм Пелистер за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации. Клубот извести дека со подготовки за вториот дел од сезоната, екипата ќе започне на 8-ми јануари во Битола. По Божиќните празници, Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели. Централната фаза на подготовки е предвидена од 20-ти…

Металург и без странците лесно се справува во лигашките средби

Металург убедливо го совлада тимот на Младост од Богданци на средбата од 12-та рунда, која вчера се одигра во Автокоманда. Составот на Металург беше без странските играчи, но беа успешни со „македонски погон“ и го надиграа противникот за конечни 37:26 (21:10). Овој натпревар за Металург е петти едноподруго за многу кратко време, и е одигран само ден по тешка средба против екипата на Фиверс во Лига Европа. Но, тоа не се почувствува во играта на ракометарите, кои многу брзо го скршија отпорот на противникот и победата ја извојуваа уште во…