СП Египет: САД патува со 12 играчи – Македонија останува дома!?

Откако во медиумите излезе информација дека во составот на САД има дури 18 позитивни играчи на Ковид, пред патувањето во Египет, се појави надеж дека Македонија како прва резерва би можела да учествува на натпреварувањето. Меѓутоа, селекцијата на САД, по најновите информации од скандинавските медиуми, ќе биде дел од СП, бидејќи ќе патува со само 12 играчи. Оваа вест ја потврди селекторот на американците, швеѓанецот Роберт Хедин. Овој национален тим ќе учествува по секоја цена по пауза од 20 години, и тоа во најтешката можна група – Норвешка, Франција и…