Македонија останува 65-та фудбалска сила во светот!

Машката репрезентација на Македонија останува 65-та фудбалска сила во светот на најновата ранг листа на ФИФА. Иако го остваривме историскиот резултат против Грузија и се пласиравме на Европско Првенство, поразот од Ерменија не дозволи да напредуваме од претходниот пат. Сите наши противници во групната фаза од ЕП се подобро пласирани: Холандија е на 14-то, Австрија е на 23-то а Украина на 24-то место во светот.