СЕХА ЛИГА: Вардар ја пречекува Војводина, познат и составот за првиот натпревар!

Екипата на РК Вардар 1961 ја пречекува РК Војводина денеска од 17:45 часот, како прв официјален натпревар во новата година, но и прва средба за „црвено-црните“ во СЕХА Лига за сезона 2020/21. Регионалното натпреварување започна доцна во минатата година, односно во средина од декември, како што веќе знаете поради големите проблеми кои ги зададе моменталната пандемија со корона вирус. Сезоната ја отворија Нексе и Војводина, каде славеше хрватскиот клуб со минимални 24:23. Во оваа група Б, е и екипата на Вардар, но и украинскиот Мотор. Вториот натпревар го одиграа екипите…

Бабиќ: Играчите се смрзнуваа во салата, условите се ненормални!

Откако Еурофарм Пелистер го совлада составот на Металопластика со 30:26 во рамките на регионалната СЕХА Газпром Лига во Битола, тренерите на двете екипи се пожалија на условите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и посочија дека се апсолутно неприфатливи. Најпрвин на прес конференцијата, Жељко Бабиќ се пожали на ниската температура, а потоа неговите зборови ги потврди и искусниот стратег на српска Металопластика, Веселин Вуковиќ. Сакам да испратам една порака до битолчани. Тука нема услови за игра… Оваа температура во која тренираме и играме не е нормална, и тоа не му прилега…

Започнуа СЕХА, познати се термините за Вардар и Еурофарм Пелистер!

Денеска започнува новата сезона од регионалното ракометно натпреварување СЕХА Газпром лига, а во 17:00 часот го отвораат екипите на Нексе и Војводина, во Нашице. Во оваа сезона, од Македонија ги имаме Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во група А, односно група Б. Противници на битолскиот тим ќе бидат: Металопластика, ППД Загреб и Татран Прешов, а „црвено-црните“ ќе се борат со: Нексе, Војводина и Мотор Запорожје. Првиот натпревар за Еурофарм Пелистер е во понеделник од 17:45 часот кога на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Металопластика. Нашиот друг учесник, Вардар,…

Составот на РК Еурофарм Пелистер за новата сезона

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, ги објави официјалните броеви на сите членови за новата 2020/21 сезона. Тимот ќе се натпреварува во регионалната СЕХА Лига и Лига Европа, за која веќе е познат и распоредот до крајот на групната фаза. Еурофарм Пелистер 2020/21: 21. Градимир Чаневски (капитен)16. Благојче Трајковски4. Никола Марковски59. Елмир Граџан10. Томислав Кушан23. Марин Вегар7. Дејан Кукуловски24. Милоран Кукоски9. Стипе Мандалиниќ11. Невен Стјепановиќ30. Мартин Велковски2. Матео Мареш3. Гоце Ојлески6. Бојан Маџовски13. Мирко Радовиќ66. Милан Ѓукиќ19. Ненад Костески14. Марио Танкоски18. Јосип Периќ Жељко Бабиќ (тренер)Божидар Мојсов (асистент тренер)Ице Соколески…

Пролонгиран подготвителниот период, СЕХА лигата стартува за две недели

Иако првично беше најавено дека утре, на 10-ти октомври (недела), ќе започне новата сезона од регионалното ракометно натпреварување, СЕХА лигата, според најновите информации тоа не е така. Новиот почеток се очекува да биде за две недели, односно на 23-ти октомври. Оваа година ги имаме истите членови поделени во две групи, но со по 5 тима. Пробната сезона од минатата година заврши за Беижинг Универзитет и ЦСКА Москва, кои служеа само за поправување на гол разликата. Наскоро се очекува комплетниот распоред за сите рунди, па можеме и конечно да ги видиме…

Следната недела започнува СЕХА, објавени групите

На 10-ти октомври (недела), започнува новата сезона од регионалното ракометно натпреварување, СЕХА лигата. Оваа година ги имаме истите членови поделени во две групи, но со по 5 тима. Пробната сезона од минатата година заврши за Беижинг Универзитет и ЦСКА Москва, кои служеа само за поправување на гол разликата. РК Вардар 1961 останува во Група А, додека РК Еурофарм Пелистер е во групата Б. Само за потсетување, ланскиот шампион е унгарски Веспрем, кој беше подобар од нашиот Вардар, а третата позиција ја освои Мешков Брест во дуел со ППД Загреб.