(ВИДЕО) НБА во АБА: Мичел за Дрексел – извонредна контра на играчите на Младост Земун!

Екипата на Младост од Земун, оствари сигурна победа над Спарс од Сарајево со 92:77, но натпреварот го одбележа една извонредна акција во победничкиот тим. По украдена топка на Мичел, најдобриот поединец во филијалата на Партизан, Дрексел доби одлична топка за НБА забивање.Со ова, Дрексел беше награден за извонредната партија каде оствари „дабл-дабл“ учинок: 34 поени и 11 асистенции.