Агенцијата за млади и спорт одлучи – кои се најдобрите спортисти за 2020 година?

На овогодинешната свечена церемонија, Агенцијата за млади и спорт им ги додели наградите на најдобрите спортисти во Македонија за 2020 година. Каратето преовладуваше оваа година, откако за најдобра спортистка е прогласена Вероника Костовска. Ова го надополнија и младите категории, каде за најдобар спортист е прогласен Роберто Ацкоски, а во женска конкуренција тоа беше Магдалена Божиновска. Најуспешен спортист за лица со инвалидитет  беше прогласен Владимир Тркаљанов, кој професионално игра шах. Наградите во врска со најуспешна федерација, национален тим и селектор им припадна на македонските фудбалери, односно Игор Ангеловски. За најдобар спортист…

(ВИДЕО) Топ 100 спортски смешни моменти во 2020!

Последен ден од оваа неочекувано лоша и пред се тешка година за сите спортисти, но мораше да се работи. Спортистите беа посилни од невидливиот непријател и продолжија со тоа што најдобро го знаат – им овозможија на нивните фанови но и на сите љубители да го поминуваат слободно време пред ТВ екраните. Сепак, тука се и смешните случки и промашувањата кои се дел од играта. Ви ги претставуваме Топ 100 спортски смешни случки за 2020 година според организацијата „Sports Complex“, која ги опфати скоро сите спортови: Американски фудбал, Тенис, Бејзбол,…

БОГАТА СПОРТСКА ПРОГРАМА: Кои други македонски тимови играат денес и каде има директен пренос?

Денеска имаме богата спортска програма која ја овозможуваат нашите македонски претставници и селекции. Покрај историскиот меч на сениорската фудбалска екипа кој започнува од 18:00 часот на МТВ 1, имаме и други настани кои се важни за нас. 15:30 – Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе ги одмери силите против составот на Хрватска за пласман на ЕП 2021. Нашиот тим има 2 убедливи порази по 2 одиграни средби, од Германија и Летонија. Реално, немаме шанси за учество на големиот турнир, но за љубителите на женската кошарка на Македонија овозможен е пренос за…