Брестовац: Очекувам судиите да не дозволат груба игра, инаку лесно ќе изгубиме!

Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, посочи дека не е задоволен од критериумот на судење во натпреварот со Словенија. Во пресрет на денешниот дуел со селекцијата на Русија, тој потенцираше: Не сум задоволен од судиските одлуки на мечот со Словенија, посебно во играта со кружните напаѓачи. Судиите немаа ист критериум, и тоа е еден од клучните фактори кога создадоа голема позитива. Нашата игра се темели во тој сегмент, а истото се случи и со Шведска. Тие не’ гледаат како млада екипа… Самите играчи се свесни дека Русите и Белорусите…

СП Египет: САД патува со 12 играчи – Македонија останува дома!?

Откако во медиумите излезе информација дека во составот на САД има дури 18 позитивни играчи на Ковид, пред патувањето во Египет, се појави надеж дека Македонија како прва резерва би можела да учествува на натпреварувањето. Меѓутоа, селекцијата на САД, по најновите информации од скандинавските медиуми, ќе биде дел од СП, бидејќи ќе патува со само 12 играчи. Оваа вест ја потврди селекторот на американците, швеѓанецот Роберт Хедин. Овој национален тим ќе учествува по секоја цена по пауза од 20 години, и тоа во најтешката можна група – Норвешка, Франција и…

Германските ракометари го бојкотираат СП 2021!

Деновиве најактуелна тема во машкиот ракомет е во каков состав ќе замине германската репрезентација на Светското првенство 2021 година. По пикерот на Кил, Патрик Винчек, од репрезентативниот повик на селекторот Алфред Гисласон, се откажаа и Хендрик Пекелер, Фин Лемке и Штефан Вајнхолд. Големи се шансите уште неколку играчи да го сторат истото, со големи најави за важните и искусните поединци. Во Германија се зборува дека играчите не сакаат да патуваат и да бидат во изолација надвор од својата земја поради здравствени причини, но ракометарите се оправдаа со семејството во прв…

“Надежта умре“: ИХФ го објави последниот учесник на СП 2021

Интернационалната ракометна федерација денеска го објави последниот патник на СП 2021 година во Египет, но тоа не е Македонија. Репрезентацијата на Чиле ќе учествува на големиот настан заедно со САД, кој беше првиот номиниран тим од откажаните квалификации во Јужна Америка. Имаше надеж дека нашата селекција може да добие повик за настап на Светското првенство, но ИХФ одлучи тоа место да остане на овој континент. Чиле е најдобро рангирана селекција од оние што останаа и требаше да учествуваат на тој турнир. Тие ќе бидат во Група Г со домаќинот Египет,…