Штип и ФК Брегалница ќе добијат модерна трибина

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип. Предвидено е западната трибина да има капацитет од околу 2.000 седишта, со ВИП ложа и ресторан. Ќе има модерен простор за медиуми и за лица со инвалидитет, а во подтрибинскиот простор ќе бидат соблекувалните и просториите за службени лица по највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА, велат од ФФМ во соопштението. Новиот стадион ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница.…

Фудбалскиот клуб Беласица со мега-проект за нов модерен стадион

Фудбалскиот клуб Беласица и град Струмица треба да добијат нов модерен стадион по сите стандарди на ФИФА и УЕФА, по повод 100 години од постоење, но и за уште подобри и успешни времиња. Подемот на ФК Беласица во последните 5 години од превземањето на Претседателот Славчо Васков – Пинда е несомнено голем, па со овој проект струмичка Беласица и градскиот стадион ќе бидат ставени на инфраструктурната фудбалската мапа на Балканот како една од најдобрите, гордо носејќи го името на фудбалската голманска икона Благој Истатов,“ велат од ФК Беласица. Беласица утре…