ВИДЕО: Столе повторно поцрвене – овој пат на сосема глуп начин!

Столе Димитриевски отиде на предвремено туширање на вчерашниот меч на Рајо Ваљекано кај Легањес. Првиот чувар во македонската репрезентација доби 2 жолти картони во 5 секунди откако во 62-та минута, првин прекумерно сугерирал на судиска одлука, а потоа наводно упатил скриени навредливи зборови кон главниот арбитер. За Димитриевски, ова е прв картон во клупската кариера, и втор вкупно по оној против Грузија пред два месеци.

ВИДЕО: Димитриевски одбрани пенал, на три натпревари е без примен погодок

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, се подготвува за историскиот натпревар на 12-ти ноември. Тој вчера беше главниот фактор во победата на Рајо Ваљекано од 2:0 над Фуенлабрада. Судијата досуди пенал за гостите во 26-та минута, но Димитриевски со одлична проценка го одбрани ударот на Салвадор. Со тоа, овозможи неговиот тим во второто полувреме да ја преземе иницијативата. Тоа и се случи, па во 71-та и 82-та минута Рајо постигна два погодоци преку Мартин и Антонин. По 9 одиграни рунди, тимот се наоѓа на 4-та позиција со 16 освоени…