Историја на Купот на Македонија: Три освојувачи во најдобрите четири екипи за оваа сезона – 1/2 финалните двојки се познати!

Националниот фудбалски Куп е во завршна фаза, откако натпреварувањето стигна до 1/2 финале. Пласман во најдобрите 4 екипи обезбедија: Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Силекс и Струга. По направениот ждреб во „Куќата на Фудбалот“, беше одредено дека на 7 април 2021 година, силите ќе ги одмерат: МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СТРУГА – СИЛЕКС Силекс има две титули во Купот, откако првин ја освои втората во историјата на Македонија во сезона 1993/94 против Пелистер, по ФК Вардар една година порано, а нивниот втор трофеј, кратовчани го добија во сезоната…

Македонија ЃП го совлада Вардар, нерешено во Маџари

Македонија ЃП запиша победа со 2:1 против Вардар и не му дозволи на противникот да врзе две победи. Во Маџари пак, Работнички одигра нерешено со гостите од Струга Трим и Лум. Натпреварот во Ѓорче Петров, уште во 2-та минута со 1:0 го отвори Абдул Калид, 24 годишен напаѓач од Гана. Десет минути подоцна, дефанзивецот на Вардар, Стефан Лазаревиќ го изедначи резултатот. На крајот од првиот дел, со втор гол, Калид повторно му донесе водство на својот тим, па со 2:1 се замина на пауза. Во второто полувреме не видовме погодоци,…