Македонија ќе има претставници на СП – тандемот Николов/Начевски е помеѓу најдобрите!

Светската ракометна федерација (IHF) го објави списокот од 19 судиски парови кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во Египет, а одредени се и 5 резервни тандеми. Од Македонија ги имаме Начевски и Николов, кои ќе ја претставуваат нашата земја наместо националниот тим, кој не успеа да обезбеди учество на главниот турнир. Земјите од регионот кои ќе имаат претставници се: Хрватска, Црна Гора и Словенија, додека браќата Коњичанин од БиХ се помеѓу резервите. ПРВИ СУДИСКИ ПАРОВИ: Gjorgi Nachevski / Slave Nikolov (Macedonia) Yousef Belkhiri / Sid Ali Hamidi (Algeria)…