МРК Куманово во тешки услови бележи успешни резултати, следуваат натпревари за влез во Суперлигата и гостување кај Металург во Купот на Македонија

Машкиот ракометен клуб на Куманово моментално настапува во Втората лига, а наскоро ќе ги започне дуелите во плејоф разигрувањето – борба која овозможува пласман во најсилното натпреварување во државата, Суперлигата. Клубот долг период е составен од локални искусни играчи, но и млади таленти кои напорно работат за време на подготвителните и натпреварувачки периоди. Финансиската ситуација и условите во кои треба да се напредува, не се на завидно ниво, но првиот дел од сезоната го изиграа максимално посветено, каде остварија и победи кои на „хартија“ не се очекувани. Во „пролетниот дел“,…

Пелистер го пречекува одличниот Гостивар, ќе има ли Еуро Никел лесна задача!?

Неколку одложени натпревари од минатата година, денеска и утре ќе комплетираат две рунди. Три натпревари од број шест, но и еден во текот на утрешниот ден како дуел од број четири. Денешната програма би требало да ја одбележи средбата во Битола од 18:30 часот, каде лидерот во првенството, екипата на Пелистер, го пречекува Гостивар, состав со три победи во низа и скор 6-3. Претходно, од 16:00 часот, во Струга, ќе играат Црн Дрим Грин Мобиле и Еуро Никел 2005, а во Гевгелија од 17:30 часот, Кожув е домаќин на екипата…

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 3 РУНДИ: КОЈ Е НАЈДОБАР ПОЕНТЕР, СКОКАЧ И ДОДАВАЧ ВО МАШКАТА СУПЕРЛИГА?

Во машката кошаркарска Суперлига има тимови кои не одиграле ниту една рунда, некои со по две но 3-та рунда помина за поголем дел од екипите. Можеме да ги издвоиме процентуално најдобрите поединци кои настапувале во три натпревари, во најважните категории, а тоа се: поени, скокови, асистенции, блокади, освоени топки и загубени топки (во овој случај најлош поединец). Поени: СТЕФАН БАЛМАЗОВИЌ од Работнички Скопје: (63) – 21.00% Скокови: АЛЕКСАНДАР АНДРЕЈЕВИЌ од Куманово 2009: (32) – 10.67% Асистенции: ТРАМЕЈН ИЗАБЕЛ од МЗТ Скопје УниБанка: (23) – 7.67% Блокади: ДАНИЛО МИЈАТОВИЌ од Еуро…

КФМ: Различни проблеми, претстојната рунда се одложува

Денеска се случи промена за датумот на одигрување на натпреварите од 4-та рунда во Првата машка кошаркарска лига. „Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари, се вели во соопштението…

Суперлига: Убедливи победи на КЛ 7, Охрид, Бутел… Заврши регуларниот дел во Првата лига

Четири натпревари се одиграа вкупно во двете групи од машката ракометна Суперлига, а во завршна фаза е и Првата лига мажи. Вчера убедливи победи остварија неколку екипи во машката Суперлига, а на едниот од натпреварите беше возбудливо, со голем број на голови и неизвесен крај. На домашен терен, Голден Арт на Кирил Лазаров оствари победа над РК Јуниор со 30:18, ГРК Охрид ја пречека Струга и не дозволи изненадување со високи 31:16. Во групата Б пак, на гостување во Прилеп, со +10 погодоци разлика славеше РК Бутел Скопје, 19:29. Во…

Падна одлука, започнува македонската кошаркарска лига!

Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, излезе со официјално соопштение за почетокот на новата сезона. Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври. Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише…

Охрид го прегази Радовиш, Струга > Струмица, денеска се игра Група Б

Па пауза од еден месец, вчера се одиграа првите натпреварите во машката ракометна Суперлига. Во група А беа одиграни два натпревари, а беше одложена средбата помеѓу Голден Арт на Кирил Лазаров и Тинекс Пролет од Скопје. Охрид го прегази тимот на Радовиш со високи 32:11, а во Струмица, Астраион и ракометниот клуб Струга одиграа вистински класик за наши услови. Можевме да гледаме тесен и неизвесен натпревар, но на крајот пресуди и предноста од 4 погодоци на полувреме, па стружани запишаа втора победа во две одиграни рунди, со 28:30. За разлика…

По повеќе од месец дена пауза, машкиот суперлигашки ракомет е повторно активен

Машката ракометна Суперлига денеска повторно ќе се активира, откако беше целосно прекината на 15-ти септември по одиграните натпревари во првата група. Откако вчера беа извршени сите тестирања, денеска продолжува Група А, но ќе бидат одиграни само два натпревари од вкупните три. Одложена е средбата помеѓу Голден Арт КЛ7 и Пролет. Со почеток во 18:30, ќе бидат одиграни дуелите на ГРК Охрид – РК Радовиш и РК Астраион – РК Струга, додека слободна е екипата на РК Јуниор. Утре пак, планирано е да се играат и натпреварите од Група Б, иако…

Големо ракометно дерби во женската Суперлига

Денеска на програмата е големото ракометно дерби помеѓу ЖРК Металург Скопје и ЖРК Куманово. Натпреварот започнува во 16:30 часот во салата „Автокоманда“. Ова ќе биде натпревар од седмата рунда, но Металург има одиграно еден дуел помалку од тимот на Куманово, кој е лидер на табелата со 18 бодови по 6 одиграни средби. Составот од Скопје е делба на втората позиција со ЖРК Вардар СЦБТ, кои имаат освоено по 15 бодови, односно максимален учинок. Тимовите на Металург и Куманово се главни фаворити за освојување на титулата во новата сезона од ракометна…