Лекарите посоветуваа: Димитријевиќ да не патува во Талин, не е подготвен

Раководството на кошаркарската репрзентација, по вчерашните направени тестирања и анализи, доби лекарско уверување дека во овој момент, Ненад Димитријевиќ не може максимално да се подготви во пресрет на тешките предизвици во Талин. Младиот бек, за жал, останува во Скопје по деталните прегледи во една приватна клиника и нема да му биде од помош на селекторот Александар Тодоров за двете средби од квалификацисиот турнир за ЕвроБаскет 2021, против Италија и Естонија на 28-ми односно 30-ти ноември. Гечевски потенцираше дека ова не е единствен момент кога ќе ни биде потребен Димитријевиќ и…