Куманово оствари важна победа против Тиват, денеска играат со Ибар!

КК Куманово оствари важна победа на првото гостување од мини-турнејата во Црна Гора, откако беше поуспешен од екипата на Тиват со 83:90. Со овој триумф, КК Куманово влезе во најдобрите четири екипи од Група Е, па сега има реални шанси да се бори за следната фаза од БИБЛ лигата. Составот на Игор Ѓорѓиевски го имаше водството во текот на целиот натпревар, благодарејќи на прецизните шутеви од дистанца, односно погодените тројки – 15 од 31 обид. Најкорисен беше Александар Андрејевиќ со индекс 28, кој оствари „дабл-дабл“ учинок. Србинот имаше 19 поени…