Голема победа за Тиквеш против Металург, меч со скоро 80 погодоци!

Екипата на РК Тиквеш забележа голема победа над РК Металург Скопје со 40:38, иако на полувреме губеше со 19:20. Самиот натпревар се одлучи неколку минути пред крајот, кога домашната екипа беше повеќе сконцентрирана и имаше поголема желба за победа. Одличен ден имаше голманот на Металург кој забележа 15 интервенции, но овој учинок на Ѓорѓески не му помогна на тимот да слави на гостувањето во Кавадарци. По 9 погодоци имаа Смиљаниќ кај домаќините и Серафимов кај поразените гости. Со оваа победа, Тиквеш има уште шанси за влез во плеј-оф разигрувањето. Потребна…

(ВИДЕО) ФФМ за инцидентот во Штип: Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои ги праќаме!

Фудбалската федерација на Македонија излезе со официјално соопштение за денешниот инцидент во Штип, помеѓу навивачките групи на Брегалница и Тиквеш. Во целост го пренесуваме ставот на ФФМ: „За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.  Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за дискриминација,…