Тодоров го објави поширокиот список на кошаркари за ноемвриските дуели од ЕвроБаскет

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезенација, Александар Тодоров, го објави поширокиот список на играчи за двата натпревари во ноемвриската репрезентативна пауза. Македонија ќе ги одмери силите во 3-та и 4-та рунда против Италија и Естонија на гости во само два дена. На 28-ми ноември играме во Талин од 15:00 часот против Италија, а на 30-ти во истата сала против домаќинот од 19:30 часот. Нашата селекција ги започна квалификациите со најлошото сценарио бидејќи забележавме два порази од исто толку настапи откако на домашен терен во првата рунда бевме полоши од Естонија,…