Подготовките стартуваат за две недели, Тодоров: Ќе биде напорно, идеално би било да тргнеме без проблеми!

Подготовките за февруарскиот „прозорец“ на ФИБА кој предвидува настап на турнирот во Перм, ќе стартуваат на 10-ти февруари во Скопје, за КФМ.МК потврдува селекторот на нашата најдобра машка селекција, Александар Тодоров. „Претходно, оние играчи кои ќе бидат во Скопје, ќе ги поминат задолжителните тестирања од Ковид-19. Откако ќе ги добиеме резултатите, почнуваме со работа“ – вели Тодоров. Според плановите на стручниот штаб на „црвено-жолтите“, во Скопје ќе биде реализиран уводнито дел од подготовките. „Ќе работиме пет дена во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Планирано е во процесот да бидат…