Еурофарм Пелистер го надигра Требње и ја запиша првата победа!

Екипата на Еурофарм Пелистер ја запиша првата победа во Европската Лига откако на домашен терен го совлада тимот на Тримо Требње со 33:26. Првото полувреме заврши со голем број на погодоци, но и висока предност за нашиот состав со 20:14. Во вториот дел, Еурофарм Пелистер го одржуваше водството дури и ги доби вторите триесет минути со 13:12 за конечни 33:26. Прв на листата на стрелците беше Стипе Мандалиниќ со 11 погодоци. Во следната рунда, битолскиот клуб гостува кај Татабања во февруари следната година.

Маџовски: Бевме многу лоши во Требње, но, утре ќе ја вратиме самодовербата со победа!

Во кратко интервју за својот клуб, Бојан Маџовски ги прифати критиките и самиот посочи дека на гостувањето кај Тримо Требње одиграле катастрофален натпревар, со најголем број на промашени зицер-ситуации досега. Можам да ви кажам дека во Словенија го имавме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, постоеше голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива…

(ФОТО) Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот дуел со Требње

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот натпревар против Тримо Требње во Словенија. За битолскиот клуб и нашиот втор претставник во Европската Лига, ова ќе биде четврти натпревар во групната фаза во кој ќе се обидат да ја запишат првата дебитантска победа, по неуспешните два дуели со ГОГ и Рајн Некар Левен, и нерешениот резултат со Кадетен. За домаќините, ова е само втора средба, а на отворањето беа поуспешни од Татабања на гости. Екипата на Урош Зорман го забележа првиот пораз во 2020 година, откако тој стана…