Пораз на Металург во Тулуз, Кастратовиќ: Некои сегменти беа одлучувачки…

Ракометниот клуб Металург од Скопје го загуби првиот натпревар од групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Металурзите беа послаб противник во вчерашниот дуел во Франција, против составот на Тулуз со 33:29. Екипата на Тулуз имаше резултатска предност во текот на целиот натпревар, го диктираше темпото на игра и не му дозволи на Металург ниту еднаш да има позитивен резултат, а највисоката предност беше 5 погодоци. Во врска со листата на стрелците, силниот пивот Јакобсен имаше фантастичен ден па беше идеален со 9 погодоци од исто толку обиди. На голот…

Металург против Тулуз-прва рунда од Европската Лига, каков состав имаат французите?

Машкиот ракометен клуб Металург Скопје, денеска ја започнува тешката и долга битка во рамките на Европската лига на ЕХФ. Во првата рунда, еден од нашите претставници игра со француски Тулуз, силна и незгодна екипа иако во последните 4 натпревари од француското првенство има 4 порази. Единствената победа во лигата ја оствариле над Шамбери, помеѓу двомеч средбите со Потаиса Турда во ЕХФ ЕЛ. Металург Скопје одигра контролен натпревар со РК Вардар 1961 во кој загуби со 37:28. Веќе 20 дена се без официјален натпревар од последната средба со Криенс, бидејќи македонската…