Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза од БИБЛ

Кошаркарскиот клуб Куманово и кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, ги добија противниците во втората фаза од регионалното БИБЛ натпреварување. КК Куманово ќе биде во групата Г заедно со Хапоел Холон и Академик Пловдив, додека пак ТФТ Скопје е дел од групата Ф, заедно со Берое и Хапоел Хилбоа. Тимовите кои обезбедија уште едно разигрување се поделени во 2 групи од по 3 тимови, каде ќе играат меѓусебно по два натпревари, на домашен и на гостински терен. Како што и беше организирано, не можеше да се сретнат клубови од една иста држава.…

ТФТ Скопје обезбеди Втора фаза во БИБЛ, по одличното прво полувреме против Ибар!

КК ТФТ Скопје е последниот тим кој обезбеди пласман во Втората фаза од регионалното БИБЛ натпреварување. Потребна им беше само победа против гостинот Ибар од Рожаје и тоа се случи: 91:75 по одличното прво полувреме, односно позитива од 59:32. Оваа победа е за учинок од 6 успешни средби и 4 порази и изедначување со Теодо Тиват. Но, скопскиот состав има подобар меѓусебен дуел бидејќи на домашен терен славеше со 18 поени предност, а загуби со 15 разлика во Црна Гора. Лахлан Андерсон беше првиот стрелец во екипата на ТФТ со…

БИБЛ ЛИГА: Ќе има ли Македонија уште еден претставник во втората фаза?

Регуларниот дел од БИБЛ Лигата е пред самиот крај, преостануваат уште три натпревари, од кои еден е одлучувачки за вториот дел од сезоната. Тоа е средбата помеѓу ТФТ Скопје и Ибар Рожаје. На скопскиот тим му е потребна било каква победа над црногорскиот тим, за да обезбеди нова групна фаза со еден од израелските учесници. Во овој случај, од Топ 4 ќе испадне Тиват, кој моментално има учинок од 4 победи и 6 порази. ТФТ е на 3 победи и 6 порази, но има подобар меѓусебен дуел со екипата од…

Прв дел од сезоната во БИБЛ – Скопски ТФТ одигра 8, Куманово само 4 натпревари!

Дојде крај на оваа, пред се, лоша година, па така завршија и средбите од првиот дел во регионалното Балканско кошаркарско натпреварување – БИБЛ. Нашите учесници, ТФТ Скопје и Куманово, зедоа учество во балканската група заедно со двете екипи од Црна Гора, Тиват и Рожаје, и двете екипи од Бугарија, Берое и Академик Бултекс. Екипата на ТФТ одигра дури 8 средби, бидејќи во најголем дел од предвидените термини имаа играчи кои се подготвени за самите предизвици. За жал, дебитантот од Тафталиџе забележа 6 порази и само 2 пати славеше. ТФТ го…

БИБЛ: ТФТ прими 100 поени на првиот натпревар од турнејата во Бугарија

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје прими повеќе од 100 поени против Берое, на првиот натпревар од турнејата во Бугарија. Бугарскиот клуб покажа уште во првата четвртина дека има во план да го диктира темпото на натпреварот. Резултатот по првите 10 минути беше 34:25, а на полувреме Берое замина со 60:46, односно 14 негатива за нашиот претставник. Во 3/4, ТФТ падна во целост и загуби со 29:8. Самиот крај на натпреварот изгледаше рутински и се играше кош за кош, па конечниот резултат беше 108:73. Најефикасен во ТФТ Скопје беше Тајрон Харис со…

Библ: ТФТ се враќа со празни раце од Рожаје – висока победа за Ибар!

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје се враќа со празни раце од Рожаје, по денешниот пораз од Ибар со 96:79, во 8-та рунда од БИБЛ лигата. Ова е само четврти одигран натпревар за еден од нашите двајца претставници, во оваа регионално натпреварување. ТФТ започна добро и имаше 2 поени предност по 10 минути игра, но веќе во вториот период, бевме сведоци на огромен пад во екипата на Боро Смилковски па резултатот беше високи 44:24 во полза на домаќинот Ибар Рожаје. Во второто полувреме, ТФТ тргна поагресивно и ја доби 3/4 со 20:29.…

БИБЛ: ТФТ го наплати долгот од првата средба со Куманово, и тоа повеќе пати!

Тимот на ТФТ Скопје го наплати долгот од првата средба со Куманово, и тоа повеќе пати, откако на домашен терен убедливо славеше со 83:54. Екипата од Тафталиџе имаше огромна позитива уште на полувреме со 49:25, каде се виде дека гостите не се во можност да слават и по трет пат во оваа сезона, а втор во регионалната БИБЛ Лига, па ТФТ ги однесе бодовите овој пат. Во второто полувреме, се играше нешто поопуштено, но со голем број на грешки па сликата на теренот изгледаше катастрофално и не наликуваше на професионален…

Куманово во полн трк по изолацијата – нов дуел со ТФТ оваа недела

Кошаркарскиот клуб Куманово излезе од изолација и веднаш започна со тренинзите и физичката подготвеност пред новиот дуел со скопскиот ТФТ, втор во БИБЛ лигата. Последниот натпревар за кумановци беше поразот од ФМП Академија на 7-ми ноември во националното првенство. Следуваа низа на проблеми и долга изолација на целиот тим, за конечно од вчера да бидат слободни по негативните тестови. Средбата со ТФТ Скопје е планирано да се одигра во четврток од 19:00 часот во главниот град. Во првиот натпревар во Куманово, подобар беше домаќинот со 90:83. Одиграа и еден меч…

Во Тафталиџе се славеше и првата меѓународна победа – падна Берое!

Кошаркарите на ТФТ Скопје по првата победа во македонската Суперлига, вчера стигнаа до историски успех како дебитанти и во регионалното натпреварување БИБЛ Лига. До таков момент стигнаа по победата над бугарскиот тим Берое на домашен терен во Скопје со 80:75. Нашиот втор претставник во меѓународниот шампионат не толку добро го отвори натпреварот, но во сите 3 следни периоди беше поуспешен и на самиот крај обезбеди солидна позитива за прва победа во групата по стартниот пораз од Куманово. Странците во ТФТ беа главните фактори за победата над Берое. Тај Херис со…

Позитивни случаи во КК Куманово – одложена средбата со ТФТ Скопје

Вториот натпревар помеѓу овие две екипи во рамките на БИБЛ лигата што требаше да се одигра вечерва од 19:00 часот, е одложен. Организаторите на регионалното натпреварување добиле информација за два позитивни случаи на Ковид-19 во составот на Куманово, па донесена е одлука натпреварот да се одложи и да се најде нов термин откако здравствените власти одлучат колку време екипата ќе биде во карантин. Во првиот меч, Куманово славеше на домашен терен со 90:83.