Нов распоред во БИБЛ за натпреварите на Куманово и ТФТ – како ќе се игра следната фаза?

Менаџментот на Балканската лига, ги информираше учесниците во ова издание на регионалното натпреварување, дека се направени неколку нови промени во распоредот. Сите натпревари од „балканската група“, но и онаа која се игра во Израел, треба да финишираат најдоцна до крајот на првата недела на февруари. Потоа, првопласираните четири екипи од „балканската“ заедно со најдобрите две од „израелската“ ќе формираат нови две групи по три екипи, во кои не може да играат екипи од една иста земја. По одигрувањето на шесте мечеви во двете групи, односно втората фаза, која ќе се…

ТФТ се враќа со „празни раце“ – втор пораз во Бугарија

ТФТ Скопје се враќа во Македонија по мини-турнејата во Бугарија, каде одигра две средби во три дена и забележа два порази. По првиот од Берое, денеска следуваше и вториот, сега од Академик Бултекс со 80:75. Македонскиот тим започна добро во 1/4 кога ја доби со 14:16, но имаше негатива од 2 поени на полувреме со 36:34. Во вториот дел, имавме нешто повеќе поени, но за жал во корист на домаќинот, кој по 5 одиграни рунди е лидер на табелата со максимален учинок. Најефикасен во ТФТ беше Тајрон Харис со 24…

Куманово го совлада ТФТ во БИБЛ

КК Куманово беше подобар во македонскиот дуел од Балканската БИБЛ лига со новиот суперлигаш ТФТ Скопје. Денеска се одигра првата средба од планираните две во регионалнотото кошаркарско натпреварување помеѓу Куманово и ТФТ Скопје, каде подобра беше домашната екипа на Владимир Мирковски со 90:83. Во првото полувреме, Куманово имаше предност од 50:38, но по средината на 3/4, падна ритамот и во свој налет влезе тимот на ТФТ Скопје кој ја намали огромната позитива и стана достоен противник. Сепак, домашниот состав беше посконцентриран под обрачите и заслужено со победа дебитираше во БИБЛ…