Стефани Фрапар – женски судија со реноме, за прв пат во натпревар од ЛШ

Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус и Динамо Киев, кој ќе се одигра утре во Торино со почеток од 21:00 часот. Станува збор за 36-годишна французинка која долго време е во светот на фудбалот, а минатата година беше и во Суперкупот на Европа, кога дополнително се стекна со заслужената популарност. Со оваа добиена доверба, Фрапар ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв женски судија кој делел правда на еден натпревар во машка конкуренција.

Се е подготвено за УЕФА Супер Куп натпреварот

Во 21:00 часот, во Будимпешта на „Пушкаш Арена“, Баерн Минхен и Севиља ќе водат голема борба за титулата во Супер Купот кој го организира УЕФА. Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите а Севиља славеше во Лига Европа за сезона 2019/20. Двајцата тренери кажаа само пофални зборови меѓу себе на последното излагање пред натпреварот. Флик објасни дека Севиља има играчи кои умеат со топката и дека мора вистински да се пристапи уште од самиот почеток. Лопетеги пак, појасни дека Баерн Минхен е најсилниот состав моментално, но тие нема да се…

Баерн Минхен слета во Будимпешта (ФОТО)

Баерн Минхен слета во Будимпешта за утрешниот дуел против тимот на Севиља, во УЕФА Супер Куп натпреварот кој започнува во 21:00 часот. Освен Квинси Коман кој е во карантин, на тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик, му се достапни сите други фудбалери.Под знак прашалник за Севиља е единствено Мунир Ел Хадади. Германскиот првак на оваа средба доаѓа по големата победа од 8:0 против Шалке. Првенството во Шпанија не е се уште започнато, но Севиља одигра два подготвителни натпревари. Едниот со Атлетик Билбао каде оствари победа од 2:1 и вториот со…

Фудбалскиот клуб Беласица со мега-проект за нов модерен стадион

Фудбалскиот клуб Беласица и град Струмица треба да добијат нов модерен стадион по сите стандарди на ФИФА и УЕФА, по повод 100 години од постоење, но и за уште подобри и успешни времиња. Подемот на ФК Беласица во последните 5 години од превземањето на Претседателот Славчо Васков – Пинда е несомнено голем, па со овој проект струмичка Беласица и градскиот стадион ќе бидат ставени на инфраструктурната фудбалската мапа на Балканот како една од најдобрите, гордо носејќи го името на фудбалската голманска икона Благој Истатов,“ велат од ФК Беласица. Беласица утре…