(ВИДЕО) Во карантин со Марта Костјук – одржување на кондиција за Австралијан Опен!

Голем дел од луѓето не знаат дека сите тенисери мора да бидат во три неделен карантин за да учествуваат на отвореното првенство во Австралија, како прв Грен Слем турнир во годината. Квалификациите се одржаа во Доха, Катар, а од минатата недела (веќе 10-ти ден) – сите играчи кои обезбедија учество на главниот турнир се сместени во хотелските комплекси во Мелбурн, дури три недели. Планирано е Австралијан Опен да започне на 8-ми февруари. На социјалните мрежи, најактивна е Украинката Марта Костјук, која секојдневно наоѓа мир во кондициските тренинзи. Можеби ова е…

ЖРК Куманово остана без домашен терен, двапати ќе игра во Лавов

Поради реконструкција на Спортската сала во Куманово, женскиот ракометен клуб нема да игра на домашен терен во двомечот со украинска Галичанка, во рамките на 1/16 финалето од нокаут фазата на Европскиот ЕХФ Куп. Составот на ЖРК Куманово ќе игра во Лавов двапати. Првиот натпревар е закажан за 20.11.2020 во 18:00 часот, додека реванш средбата каде како “домаќин“ ќе се води нашиот претставник, е во 11:00 часот два дена подоцна. Тимот на ГК Галичанка е шесткратен шампион во првенството на Украина, троен освојувач на купот и актуелен шампион во Балтичката лига.…

Анегдота од Украина: Се надевавме на 20, добивме 60 милиони

Поранешниот тренер на украински Шахтјор, Пауло Фонсека, раскажува интересна анегдота која никогаш нема да ја заборави. „Кога слушнавме дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Фред, се надевавме дека ќе заработиме помеѓу 20 и 25 милиони евра, затоа што имаше многу лоша сезона. По два дена, ја добивме официјалната понуда од Манчестер Јунајтед, која гласеше неверојатни 60 милиони евра! Се смеевме цел ден! Му кажав на мојот помошник да ја покачи цената на 64 милиони евра. Следното утро, стигна потврда дека тимот од Англија ја прифаќа покачената цена и…