Манасков руши рекорди: 16 погодоци во новата победа на Веспрем

Малку е да се каже дека Дејан Манасков „експлодираше“ во последната победа на Веспрем во домашното првенство против екипата на Ференцварош со 29:25. Левото крило на македонската репрензетација го одигра убедливо најефикасниот натпревар откако настапува за унгарскиот гигант – постигна дури 16 погодоци, повеќе од половина од својот тим. Воедно, Манасков прослави и јубилеј – 400 погодоци во овој клуб, кој ќе се бори за ново финале во ЕХФ Лигата на шампиони на крајот на годината против Кил. Поранешниот играч на Металург, Вецлар, Вардар и Рајн Некар Левен ги брани…