У21 РАСПОРЕД: Квалификациите за ЕП 2022 ги започнуваме во Франција, па ја пречекуваме Србија!

УЕФА со извлекување го одреди распоредот за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство за репрезентации до 21 година. Македонската репрезентација е во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција на 2-ри септември, а првиот домашен натпревар го играме против Србија, 5 дена подоцна. 02.09.2021 Франција – Македонија  07.09.2021 Македонија – Србија 07.10.2021 Фарски Острови – Македонија 12.10.2021 Еремнија – Македонија 11.11.2021 Македонија – Украина 16.11.2021 Македонија –…

Младата фудбалска селекција на Македонија, ја доби групата за квалификации на ЕП 2023!

Македонската репрезентација до 21 година, ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2023, кое ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, ќе играат во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.  Милевски ги опиша противниците и даде свое мислење за претстојните натпревари. „Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора,…

У21: УЕФА го укина баражот, Македонија утре ги завршува квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, под водство на Благоја Милевски, утре со почеток од 13:30 часот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го одигра последниот меч од квалификациите за ЕП 2021. Домаќини сме на Црна Гора, па доколку стигнеме до победа ќе ја потврдиме втората позиција во Група 6 но без значење. УЕФА го укина баражот на вторите најдобро пласирани екипи. Како и да е, Македонија без шанса остана на претходниот меч против Израел бидејќи не можевме да славиме ниту минимално. Во досегашните 9 рунди, имаме освоени 15…

У21: Милевски ги објави имињата, потенцираше дека е потребна добра игра за висок резултат

Селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, ги објави имињата на фудбалерите кои ќе бидат на располагање за последните две средби од квалификациите за ЕП 2021. Македонија од 8 натпревари има освоени 14 бодови, но победите против последно пласиранита екипа на Фарски Острови не се земаат во предвид кога се гледа табелата на вторите најдобро пласирани тимови. Милевски потенцираше дека имаме одлична селекција и дека е потребна добра игра во текот на целите квалификации бидејќи секогаш бараме победа. За нас е многу важно да ги заокружиме овие…

Значаен натпревар за младите репрезентативци

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, денеска во Скопје го пречекува составот на Израел, во рамките од 8-та рунда во група 6, квалификации за ЕП 2021. Натпреварот започнува во 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. По убедливата и сигурна игра во Казахстан, македонската млада репрезентација е пред уште поголем предизвик. Доколку нашите фудбалери стигнат до победа против Израел, ќе остане надежта за пласман на Европското првенство. Моменталната ситуација гласи: 13 освоени бодови во 7 одиграни дуели, но само 7 важечки во табелата за најдобрите второ пласирани екипи, бидејќи победите…