Уште една незаборавна сезона – Раиконен останува во Ф1

Легендата на Формула 1, Кими Раиконен, останува во натпреварувањето уште една година со што ќе постави рекорд на 19 сезони како возач во најелитното друштво. Пред малку беше објавено дека финскиот Ф1 возач ќе остане во Алфа Ромео откако го продолжил договорот на уште една натпреварувачка сезона. Друштво ќе му прави 26-годишниот италијанец, Антонио Џовинаци. „Ледениот човек“ во 2007 година ја освои титулата како возач во Скудерија Ферари.