Македонија останува 65-та фудбалска сила во светот!

Машката репрезентација на Македонија останува 65-та фудбалска сила во светот на најновата ранг листа на ФИФА. Иако го остваривме историскиот резултат против Грузија и се пласиравме на Европско Првенство, поразот од Ерменија не дозволи да напредуваме од претходниот пат. Сите наши противници во групната фаза од ЕП се подобро пласирани: Холандија е на 14-то, Австрија е на 23-то а Украина на 24-то место во светот.

Фудбалскиот клуб Беласица со мега-проект за нов модерен стадион

Фудбалскиот клуб Беласица и град Струмица треба да добијат нов модерен стадион по сите стандарди на ФИФА и УЕФА, по повод 100 години од постоење, но и за уште подобри и успешни времиња. Подемот на ФК Беласица во последните 5 години од превземањето на Претседателот Славчо Васков – Пинда е несомнено голем, па со овој проект струмичка Беласица и градскиот стадион ќе бидат ставени на инфраструктурната фудбалската мапа на Балканот како една од најдобрите, гордо носејќи го името на фудбалската голманска икона Благој Истатов,“ велат од ФК Беласица. Беласица утре…