Вардар го прочита Фленсбург, голема и важна победа за Алушовски

Ракометниот клуб Вардар 1961, на домашен терен го совлада силниот германски состав на Фленсбург. Натпреварот се одигра како 4-та рунда од Група А во Лигата на Шампионите. По еден месец пауза, тимот на Стевче Алушовски одигра натпревар од силното европско натпреварување. Во Скопје гостуваше Фленсбург, кој беше голем фаворит во денешниот дуел. Но, македонскиот шампион ја прочита играта на Мајк Махула. Вардар славеше со 31:26, а на полувреме имаше само 2 голови предност, 17:15. Алушовски одлично ротираше и ги одмораше ракометарите. Не му дозволи на гостинот да наметне своја игра,…

По еден месец пауза, Вардар повторно на мегдан во ЛШ

Ракометниот клуб Вардар 1961, по еден месец пауза во Лигата на шампионите и одиграната прва рунда, денеска ќе настапи на домашен терен против германскиот гигант Фленсбург. Денеска, со почеток во 20:45 часот, Вардар 1961 ќе ги одмери силите со германскиот силен состав на Фленсбург, откако натпреварите со Елверум и Пик Сегед беа одложени. За разлика од нашиот тим, германците не беа во ситуација да паузираат поради позитивни играчи во противничкиот состав, па ги одиграа сите 3 претходни рунди и се со максимален учинок. Фленсбург на домашен терен беше подобар од…