Петровиќ со ФМП го сруши поранешниот клуб

ФМП Академија го совлада КК Куманово на домашен терен со 91:89, во неизвесна завршница. Поранешниот тренер на Куманово, Александар Петровиќ, го победи сегашниот тренер a бивш на ФМП, Владимир Мирковски со што се изедначија на бодовното салдо. Тренерите направија рокада на крајот на претходната сезона, но во првата средба поуспешен беше повозрасниот стратег. ФМП до победата стигна по неизвесна завршница и шутирање на голем број на слободни фрлања. Последната четвртина ја добија со 24:19 и ја однесоа во своја полза разликата. На полувреме, тимот од Куманово имаше водство од 42:45.…