На КК Куманово му послужи високото водство, изненадување во вториот натпревар

Денеска започна новата сезона од машката кошаркарска лига, и веќе бевме сведоци на два интересни натпревари каде имавме и едно изненадување. КК Куманово оствари триумф против ТФТ Скопје, но со нервозен крај. Тренерот на Куманово, Владимир Мирковски исто така започна со победа во првата сезона од националното првенство, откако ги заменија местата со сегашниот тренер на ФМП. На полувреме, ТФТ Скопје беше во негатива со 13 поени, односно на пауза заминаа со 33:47. Третиот период им припадна на нив со 22:18, па во 4/4 влеговме со +9 за Куманово. Една…