ФУТСАЛ: Македонија ремизираше со Романија, јубилеј за Ранготов

Македонската футсал репрезентација вчера го одигра својот втор дуел во квалификациите за Европското првенство и ремизираше 2:2 против фаворитот Романија. Ова беше прв домашен натпревар, по гостувањето и поразот во Босна и Херцеговина од 2:1. Македонија започна добро, и поведе со 1:0 преку голот на Даниел Дандан во првото полувреме. Но, не успеавме ниту 1 минута да ја задржиме предноста. Веќе во следниот напад, бразилците во романскиот состав експресно се потрудија да израмнат на 1:1. Во 33-та минута, по грешка и лошо преземање во одбраната, Романија постигна погодок за 2:1.…

ФУТСАЛ: Пораз од БиХ на стартот од квалификациите за ЕП!

Футсал репрезентацијата на Македонија, со пораз од 2:1 против Босна и Херцеговина ги започна квалификациите за Европското Првенство. Во Зеница, македонската репрезентација загуби од домашната репрезентација, а двата голови за домашната селекција ги постигна Бошковиќ. Босанците водеа со 2:0, а потоа ние преку Петровиќ намаливме на 2:1. Тоа беше и крајниот резултат, иако бевме подобри во второто полувреме со неколку шанси за да изедначиме и да се вратиме со 1 бод во Скопје.  На 3-ти февруари, селекцијата на Македонија предводена од Васко Скендеровски, ќе го одигра вториот меч од квалификациите.…

Куп на Македонија во Футсал: Одредени 1/8 финалните парови

Денеска во „Куќата на фудбалот“, беа одредени 1/8 финалните парови за Купот на Македонија во Футсал. Натпреварите ќе се одиграат на 6-ти и 7-ми февруари: КФМ КЕГИ МОБИ – КМФ ПРОЕКТ-ЈОСИФОВО / КМФ ОВЧЕ ПОЛЕКМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ – КМФ ШКУПИКМФ АРБЕН БАЈРАМИ – КМФ СК ПРОЕКТ- ЦИКОКМФ КЛИМИ – КМФ КАРАДАКУКМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА – КМФ СЕЕ УНИВЕРСИТИ / КМФ ШКЕНДИЈАКМФ МАЛ АЈАКС – КМФ ЦРНА РЕКАКМФ ФК КРАТОВО – КМФ ВЕЛЕСКМФ ЕНХАЛОН 2020 / КМФ ВЕЛЕШТА – КМФ АСТИБО

ФУТСАЛ: Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификации од ЕП 2022

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски, го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од првиот дел за пласман на Европско првенство. За пресметката на гостински терен во Зеница, на 28-ми јануари од 18:00 часот и домашната против Романија 3-ти февруари од 19:00 часот, селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи: ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи); ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица…

ФУТСАЛ: Македонскиот шампион Шкупи се пласираше во најдобрите 32 во Европа

Македонскиот футсал шампион, екипата на Шкупи, со победата од 3:0 над Блу Меџик од Даблин, се пласираше помеѓу најдобрите 32 тимови во Европа. Футсал Лигата на шампиони на УЕФА е во нокаут фаза, а нашиот тим Шкупи обезбеди место во 1/16 финалето. Ирскиот тим дојде во Македонија и го одигра дуелот во арената „Борис Трајковски“, но дома си заминува без понатамошен прогрес. Резултатот во 7-та минута го отвори Сефери преку пенал. Во вториот дел, Соареш со автогол во 30-та минута му ја олесни работата на Шкупи, за да во последните…

Футсал: Македонија ќе игра квалификации за ЕП?

Репрезентацијата на Македонија во Футсал добива шанса за директен влез во главната квалификациска фаза за ЕП 2022, откако селекцијата на Англија ги откажа настапите од баражот кои беа закажани за 8-ми и 9-ти ноември во Скопје. Преку официјален допис до ФФМ, Англиската фудбалска Асоцијација како главнa причина за откажување ја посочи епидемиолошката состојба поврзана со епидемијата предизвикана од Ковид-19 и препораките од здравствените власти во Англија. Одлуката е споделена до УЕФА и се чека на официјална потврда околу пласманот на Македонија во главната фаза на квалификации за ЕП 2022.  Во…