ВИДЕО: Торцида слави 70 години постоење – неверојатни сцени од Сплит!

Навивачката група на Хајдук Сплит, познатата „Торцида“, денеска прославува 70 години од формирањето. Групата е формирана на 28-ми октомври 1950 година и со бројот на членови е помеѓу најголемите во Европа. Точно на полноќ беа запалени голем број на факли и огномети, па целиот град изгледаше феноменално – неверојатни сцени беа забележани синојка во градот од Далмација. Приврзаниците на Хајдук се гордеат дека тие се најдолгата навивачка организација која постои на стариот континент. За својот јубилеј, прославија и пред прекрасниот стадион „Пољуд“.