МЗТ Скопје го совлада Хелиос во уште еден драматичен натпревар од АБА 2! (ВИДЕО)

МЗТ Скопје ја запиша својата четврта победа во новата сезоната од АБА 2 конкуренцијата, откако го совладаа тимот на Хелиос Санс од Домжале, во уште еден драматичен дуел но овој пат во Бања Лука, во рамките од вториот турнир. Хелиос Санс – МЗТ Скопје Аеродром 69:70 (19:23, 17:23, 10:12, 23:12) Нашиот учесник имаше висока предност на скоро целиот натпревар, но, последната четвртина убедливо им припадна на словенците кои стигнаа до само минус 1, откако губеа пред последниот период со 12 разлика. Тие дури имаа и шут за победа, кога во…