(ФОТО) Металург гостува во Цирих за реванш дуелот со Криенс

Екипата на РК Металург Скопје денеска го игра реванш дуелот со швајцарски Криенс, во рамките на квалификациите од ЕХФ Европската лига. Првиот натпревар во Скопје заврши со 26:24 за Металург, па нашиот тим ќе има блага но не голема предност, за пласман во главниот ждреб од Европската лига. Тие вчера на официјален тренинг го почувстуваа теренот во Салспортхале во Цирих, каде денеска во 18:45 ќе започне натпреварот.