ВИДЕО: Столе повторно поцрвене – овој пат на сосема глуп начин!

Столе Димитриевски отиде на предвремено туширање на вчерашниот меч на Рајо Ваљекано кај Легањес. Првиот чувар во македонската репрезентација доби 2 жолти картони во 5 секунди откако во 62-та минута, првин прекумерно сугерирал на судиска одлука, а потоа наводно упатил скриени навредливи зборови кон главниот арбитер. За Димитриевски, ова е прв картон во клупската кариера, и втор вкупно по оној против Грузија пред два месеци.