ВИДЕО: Артуро Видал ја „собра пајажината“ од голот

Темпераментниот но и искусен репрезентативец на Чиле, Артуро Видал, со вчерашниот прв погодок против екипата на Перу, буквално ја „собра пајажината“ од голот на Гаљезе. Тимот на Реиналдо Руеда славеше со 2:0 во квалификацискиот натпревар за СП 2022 со двата погодоци на Видал. По три одиграни рунди, имаат една победа, реми и пораз.

“Надежта умре“: ИХФ го објави последниот учесник на СП 2021

Интернационалната ракометна федерација денеска го објави последниот патник на СП 2021 година во Египет, но тоа не е Македонија. Репрезентацијата на Чиле ќе учествува на големиот настан заедно со САД, кој беше првиот номиниран тим од откажаните квалификации во Јужна Америка. Имаше надеж дека нашата селекција може да добие повик за настап на Светското првенство, но ИХФ одлучи тоа место да остане на овој континент. Чиле е најдобро рангирана селекција од оние што останаа и требаше да учествуваат на тој турнир. Тие ќе бидат во Група Г со домаќинот Египет,…